Менаџерите во секоја компанија треба да се грижат за два основни параметри.
- Ефикасност
- Ефективност
Ефикасноста подразбира работните задачи да се извршуваат со минимален напор, ресурси, трошоци и отпад.
Сама по себе, ефикасноста не е доволна за успех во компанијата, туку истата треба да тежнее и кон ефективност.
Ефективноста претставува извршување на задачите кои придонесуваат во остварување на организациските цели, како што се обезбедувањето на квалитетна услуга и максимално задоволство на клиентите.