01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиАвто екологијаEфекти од бесплатниот јавен превоз во Луксембург

Eфекти од бесплатниот јавен превоз во Луксембург

Со популација од само 614.000 жители, Луксембург е една од најмалите држави во Европа.

Почнувајќи од 1 март 2020 година, оваа земја е првата земја која нуди целосно бесплатен јавен превоз. Во неа можете да се водите со автобус, трамвај или воз – целосно бесплатно.

Зошто ја донесоа властите оваа одлука.

И покрај својата големина, Луксембург е држава со најголем број на автомобили на 1000 жители. Оваа бројка изнесува околу 680 возила на 1000 жители и е на убедливото прво место пред Италија, Финска, Германија…

Ова е еден од параметрите во кои властите бараа оправдување за носење на одлуката. Со бесплатниот превоз властите се надевале дека ќе се зголеми користењето на градскиот транспорт, а намали употребата на сопствени автомобили.

Тоа секако треба да доведе и до намалено загадување во средината и намалување на метежот во сообраќајот. Зголемената популарност на јавниот превоз, би требало да предизвика и подигнување на интересот на властите и дополнителни инвестирања во јавниот транспорт кој се цени како застарен и недоволно функционален.

А секако, тука е и социјалниот аспект, бидејќи тој директно се одразува на најранливите категории во општеството.

Тоа што е за граѓаните транспортот бесплатен, не значи дека е навистина бесплатен. Со оваа постапка, јавните претпријатија загубиле приходи од продажба на билети во вредност од 41 милион евра на годишно ниво. Пари кои одвај биле доволни за да покријат 8% од вкупниот трошок на транспортот кој се проценува на околу 500 милиони евра годишно.

Овие загубени 41 милиони евра, сега се покриваат од даночните обврзници.

Постигнати ли се ефектите?

Мислењата се поделени.

Тешко е да се потпрете на статистиката, и од тоа да извлечете квалитетна анализа бидејќи мерката се поклопува со почетокот на пандемијата. А по пандемијата дојдоа и карантините и намалениот транспорт.

Пред корона кризата, непосредно по објавувањето на мерката за бесплатен јавен превоз бројките пораснале. Дневно се превезувале околу 40.900 патници (што е за 10.000 патници повеќе од претходната година).

Сега, по релаксирање на мерките, повторно бројот на патници кои се превезуваат на дневна база се движи околу 45.000.

Овој пилот проект во Европската Унија, будно го следат и останатите држави. Се чини дека Париз може да е првата метропола која размислува да го воведе бесплатниот јавен транспорт како одговор на загадувањето и метежот во градот.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...