Ова воопшто не е научна фантастика, ако земете предвид дека повеќе градови во Франција (околу 30) веќе имаат воведено различни форми на бесплатен јавен транспорт.
Последен во низа беше Данкирк, во кој градоначалникот им подарил на 200.000 жители на метрополата, бесплатен јавен превоз на 18 автобуски рути.
Целта на овој потег не била популистичка, туку еколошка. Со намаленото користење на автомобилите, се очекува драстично намалување на загадувањето на воздухот.
Резултати од проектот
Анализите покажале дека овој потег бил финансиран со мало покачување на бизнис таксите (даноците), а предизвикал пораст на возењето во јавниот транспорт во работните денови за 60% , а двојно за време на викендите.
Од новите корисници на јавниот транспорт, 48% изјавиле дека сега редовно го користат јавниот транспорт.

Очигледно, овој пилот проект покажал одлични резултати. Но експертите го поставуваат прашањето дали е овој модел одржлив за големите градови како Париз?
Во Париз веќе започна да функционира бесплатниот јавен транспорт за младинците под 18 години, воведен минатата година. Околу еден милион граѓани на Нант патуваат бесплатно за време на викендите.
И во Европската Унија има неколку случаи на бесплатен јавен транспорт. Еден од нив е Талин, главниот град на Естонија, а минатата година и Луксембург на целата своја држава понуди бесплатен јавен превоз.
Цена на чинење на проектот
Но, дали ќе профункционира овој концепт на целата територија и за сите граѓани на Париз, останува да видиме.
Проектот има свои противници, кои сметаат дека иако проектот е бесплатен за крајните корисници, тој сепак чини.
Често се користи и студијата на Валери Пакресе, која потекнува од партија на десното крило. Според неа бесплатниот превоз ќе го зголеми бројот на патници во јавниот превоз за 6 до 10%, ќе чини 2,2 до 3,3 милијарди евра, користењето на автомобилите ќе се намали за само 2%, а ќе се редуцира и квалитетот на мрежата и услугата.