30/09/2022
spot_img
домаМагазинЗабаваЌе се реализира ли планот на Кина за подводна железница до Америка

Ќе се реализира ли планот на Кина за подводна железница до Америка

Идејата, како во научно фантастичен филм, беше за прв пат објавена во 2014 година.

Според неа, Кина планираше масивен проект, со кој треба да се изгради брза железница со должина од 13.000 км.

Железницата требаше од Кина, преку Сибир, а потоа 200 км под вода да стигне до Алјаска, од каде ќе се движи до Канада и потоа Америка. Ваквиот проект беше бомбастично најавуван пред 7 години, како одличена начин за трговск поврзување помеѓу Кина, Русија, Канада и САД.

Но за краток временски период, овој проект стивна.

Една од причините веројатно е буџетот кој беше предвиден на околу 200 милијарди долари.

Секако, не помал е предизвикот да се изгради подводниот тунел од 200 км, кој е четири пати подолг од сегашните решенија како што се тунелот кој ги поврзува велика Британија и Франција и оној во Јапонија (врска меѓу Хокаидо и Хоншу) кои се до 50 километри во должина.

А дел од критичарите сметаа и дека превозот на стока и патници е многу поисплатлив и веќе поставен со авиони и карго бродови.

Од друга страна, дел од експертите сметаат дека овој проект има шанси да се реализира.

Особено затоа што претставува зелен начин на транспортирање, загадува многу помалку од другите методи, а целиот свет во моментов е фокусиран на заштитата на воздухот и природната средина. А дека не е невозможно, Кина уште еднаш сака да докаже градејќи брза железница со должина од 77 километри помеѓу Нингбо и Жусан (во Кина).

На крајот, за да се оствари овој голем проект, сигурно ќе треба да дојде и до какво такво нормализирање на односите помеѓу големите сили кои се ставени на трасата на супер брзиот воз од Кина.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...