Градските власти за транспорт (RTA) во Дубаи ги пуштија пробно во употреба новите два автобуси на Volvo.
Aвтобусите во текот на експлоатација ќе се полнат со посебни исправени полначи, а навечер, кога не се во употреба ќе се полнат на фиксни полначи.
Комплетно наполнети, тие ќе може да минуваат до 200 километри (зависно од повеќе климатски фактори и начинот на кој автобусите ќе се експлоатираат).

Овој, своевиден експеримент, кој е поддржан и од RTA, DEWA, Volvo Bus Co, Meraas Real Estate и ABB Group, кој ќе трае до март 2022 година има задача да покаже дали овој систем на превоз на патници, кој е дефинитивно еколошки ќе иде функционален за Дубаи.
Електричните автобуси се во склад со планот за воведување еколошки сообраќај во емиратот. Покрај автобусите предвидени се и такси возила на водороден погон, а во 2020 година веќе беше извршена промена на такси возилата на конвенционален погон со хибриди.
