Dr Martens со план за ублажување на падот на профитабилноста

20

Британскиот бренд за чевли и високи кондури, со препознатлив златен шав, Dr Martens, минатата година прокнижи сериозен пад на профитабилноста од 43%.

Падот главно е генериран од падот на продажбата и профитабилноста во САД.

Како резултат на тоа, предвидено е да се превземат низа на активности со кои ќе се намалат трошоците за 25 милиони фунти. Секако, кратењето на трошоците, не ја исклучува можноста и за намалување на бројот на вработени.

Реклама