Директно од иднината. Audi Skysphere

34

Германскиот бренд Audi, го исфрли својот нов спортски концепт за иднината кој го носи името Skysphere.

Електричниот кабриолет со затемнети стакла и агресивен футуристички дизајн, го менува својот облик, зависно од модот на управување во кој е вклучен. Постојат два основни режими – sports car mode и grand tour mode.

Кога Skysphere е во grand tour режим, возилото се издолжува за 25 сантиметри, со што се подобрува комфорот на патниците.

Фото – Audi

Audi веќе најави дека планира до 2033 година да произведува и испорачува само електрични возила, па овој концепт може да го сметаме како поглед во иднината на германскиот луксузен бренд.

Во моментов рангот на автономно возење на концептот е околу 500 км, што веројатно ќе се подобрува во следните години.

Кога автомобилот ќе биде ставен во режим на автономно возење, во ентериерот ќе се повлече и дигиталниот кокпит…. сето тоа во насока на зголемување на комфорот во возењето.

Фото – Audi

Од Audi изјавуваат дека Skysphere е првиот од три концепти, кои ќе ја отцртаат насоката на развојот на брендот во сферата на електрични возила.