Дигитален евент. Новиот PIRELLI календар

130

Оваа година, Италијанскиот производител PIRELLI ја задржа својата традиција и повторно го објави својот календар (скапоцен колекционерски подарок, во кој главно може да уживаат партнерите на брендот во светот).

За разлика од некои поранешни времиња, кога на страниците на луксузно направениот календар дефилираа најдобрите фотомодели на планетата, во 2022 година, календарот има нова тема.

Тема е музиката, фотографиите се направени од познатиот рокер Брајан Адамс, а од најпознатите личности кои се појавуваат на него можеме да ги издвоиме – Шер, Иги Поп, Џенифер Хадсон и Рита Ора.

Како резултат на пандемијата, евентот за овогодишниот календар беше одржан – дигитално.

Ако сакате да го прегледате настанот, погледнете го видеото.