Во автомобилската индустрија секојдневно се појавуваат нови автомобили и модели, кои имаат комплексни системи и резервни делови. Од тие причини, сервисните работилници кои сакаат да ги одржуваат и сервисираат возилата, немаат избор. Потребен им е пристап до нови знаења, вештини, алатки и инструменти.
ECU уредите за дијагностика и софтверот ESI[tronic] на BOSCH се најдоброто решение за новите мултибренд сервисни работилници. ТУредите на BOSCH сеуште претставуваат синоним за најквалитетната дијагностичка опрема и софтвер на Европскиот и светски автомобилски пазар.
BOSCH KTS 560
Во палетата на дијагностички уреди на BOSCH како најдобра комбинација на вредноста за вложените средства се издвојува уредот – KTS 560.
KTS 560 дијагностичкиот модул ќе ги забрза вашите операции во сервисот, ќе ја подобри точноста на дијагностиката и ќе го зголемат вашиот потенцијал.

Модулот е напреден, комплетно комплементарниот PassThru интерфејс ви овозможува лесно репрограмирање на фабричкиот софтвер на возилото, ви дава можност да вршите паралелна дијагностика – модулот може да комуницира со три CAN и K-Line интерфејси симултано – што значи побрз и попродуктивен аутпут.
Партнер на BOSCH за сервисната опрема во Македонија е фирмата ГББ дооел Скопје.