Денот на пожарникарите низ слики

23

Денот на пожарникарите беше симболично прославен во Пожарниот центар во Гази Баба.

На свеченоста, пред хероите од градот се обрати и градоначалникот Петре Шилегов, кој изјави :

“-Јас како градоначалник вложувам многу во човечкиот, но и во преостанатиот инфраструктурен потенцијал на Противпожарната бригада и откако е дојдена новата администрација зголемен е бројот за нови 38 пожарникари. Со сите овие чекори Градот Скопје го зголемува капацитетот на бригадата, а истовремено се доближува и до исполнување на европските стандарди согласно со кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители..”