Организациите чувствуваат потреба за нови вработувања од различни причини.
Некои имаат потреба од ангажирање на нови работници за да одговорат на зголемената побарувачка за нивните производи и услуги на пазарот. Кај нив обично во процесот на вработување се зголемува бројот на оперативни работници. Кај други компании, како резултат на природнит развоја на организацијата се креираат нови сектори (маркетинг, дистрибуција, b2b продажба…). Новите сектори, бараат и нови работни позиции кои треба добро да бидат испланирани и дефинирани.
Пред да вработите луѓе за било која работна позиција, треба да го испланирате и детално опишете работнот место.
Каде ќе биде тоа сместено во организациската шема? Кому ќе одговара и рапортира во хиерархискиот распоред на компанијата. Дали предвидува раководна или оперативна функција?
Откако ст го сместиле во организациската шема, задолжтелно направете го описот и пописот на работните задачи на оваа работна позиција.
Ако сте решиле да вработите менаџер, дефинирајте ги неговите задачи. Што очекувате од него? Нправете го тоа детално.
Еден логичен опис и попис на работните задачи за еден менаџер на секторот за продажба и маркетинг, може да изгледа на следниот начин :
Работна позиција – Менаџер за продажба
Основни задачи :
- Управување со секторот за продажба
- Менаџирање на продажниот тим
- Анализа на пазарот и пазарната состојба (SWOT)
- Дефинирање на продажните цени и услови за работа со постоечките и потенцијалните клиенти
- Дефинирање и спроведување на продажни акции и кампањи
- Воспоставување на нови и негување на постоечките односи со клиентите
- Изготвување на редовни и вонредни извештаи за клучните економски параметри