Данската полиција запленила Lamborghini од 270.000 евра

69

Повикувајќи се на новодонесениот закон од Март оваа година, според локалните медиуми, Данската полиција запленила еден суперавтомобил (Lamborghini Huracan) поради брзо возење.

Моќното Lambo, управувано од Ирачки граѓанин со место на живеење во Норвешка, било измерено од страна на Данските полицајци со брзина од 236 километри на час, на автопат на кој била дозволена максимална брзина од 130 km/h.

Да биде уште поголема трагедијата за сопственикот на бесното Lamborghini, брзиот возач своето ново милениче на тркала го купил пред само неколку часа во Германија. Во Данска бил на минување, кон својот дом во Норвешка.

Според актуелниот закон во Данска, полицијата има право да ги заплени автомобилите (но и сите останати видови на возила) од несовесните возачи кои ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот.

Во прекршоците кај кои е легитимно да се заплени автомобилот (без оглед на тоа дали е управуван од сопственикот или не) и потоа да се продаде на аукција, влегуваат : возење под дејство на алкохол и екстремно надминување на дозволената брзина.

Покрај запленетиот суперавтомобил, несреќниот возач, се соочува и со казна – одземање на дозволата во рок од три години.