01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиДали е ова најскапиот автомобил на светот?

Дали е ова најскапиот автомобил на светот?

Според информациите кои циркулираат во светот на автомобилизмот, најскапиот автомобил во моментов е Bugatti Voiture Noire, кој чини околу 18,7 милиони долари.

Но со новиот кастомизиран модел Rolls-Royce Boat Tail, изработен специјално за анонимен мистериозен човек, се чини дека производителот на ултра скапи и луксузни автомобили сака да го грабне првото место на топ листата.

Автомобилот веднаш ги привлекува сите погледи со својата маркантна надворешност и темно азурно сина боја на хаубата која понатаму се прелева во светло сина боја.

Моторот, е оној стандарниот на Rolls-Royce, со зафатнина од 6.75 литри V-12.

Во задниот дел на овој кабриолет, Ролс Ројсот се отвара со две странични крила (како крилата на пеперутка), од кои излегува и чадор за сонце, што е уште една потврда дека сопственикот го креирал овој автомобил за врвно уживање во природата.

Во задниот дел е скриен уште еден таен кабинет од кој излегуваат шишиња со оладено шампањско.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...