Continental отпушта 7.150 работници!

19

Производителот на пневматици, црева и ремени – Continental најави агресивни планови за штедење со кои се планира во 2024 година да бидат отпуштени дури 7.150 работници.

40% од оваа бројка ќе бидат работници од Германија, а останатите од другите земји во кои Continental има бизнис операции.

Најголемиот дел од работниците планирани за отказ (5.400 луѓе) се од делот на бизнис администрацијата, но и сериозни 1.750 работници од одделот за истражување и развој ќе мора да ја побараат својата среќа во друга компанија.

Во Continental предвидуваат пораст на прометот на 44 милијарди евра во 2024 година, претходната заврши со промет од 41 милијарда евра.

Најголемото потфрлање се чувствува во авто дивизијата, каде пазарот се очекува да стагнира, додека делот со производството на пневматици во афтермаркет и црева – функционира добро и профитабилно.

Реклама