Во централата на Opel во Раселсхајм е лоциран специјален центар за проверка и поправка на високонапонски батерии за автомобили.
Центарот функционира повеќе од 10 години, а сега е одговорен и за поправка на сите литиум јонски батерии вградени во моделите на Opel – Opel Corsa-e, Mokka-e, Combo-e, Vivaro-e и Zafira-e Life.
Ретко се случува батериите да откажат, но кога тоа ќе се случи, неопходно е истите да бидат истестирани и поправени од експерти во оваа област, вели Маркус Лот, директорот на инжинеринг.

Овој центар минатата година се погрижил за поправка на околу 100 батерии од цела Европа. Расипаните батерии доаѓаат во Раселсхајм каде се отвара запечатената кутија и се заменуваат испразнетите ќелии, по што поправената батерија се враќа кај клиентите.
Ако батериите се оштетени поради судар, во центарот има доволно обновени и освежени батерии, кои може да се набават и вградат во возилото.