Carrefour планира да влезе во Србија

14

Според информациите од Блумберг Адриа, еден од најголемите ланци на супермаркети во Европа, Француски Carrefour планира да влезе во Србија.

Ова би било дел од стратегијата според која Carrefour маркетите планираат влез во 10 нови земји до 2026 година.

Инаку, од Групацијата потсетија дека преку фирмата Carrefour International Partnership, која е одговорна за отварање на маркетите, но преку процес на франшизинг со домашни партнери, компанијата веќе најави враќање во Грција и Бугарија каде се отворени десетина маркети.

Реклама