Bugatti Rimac, започнува со работа

100

Најпознатиот Хрватски претприемач, Мате Римац, и официјално го започнува својот нов предизвик.

Според официјалната објава, на 01.11.2021 година и официјално започнува со работа новата компанија Bugatti Rimac d.o.o. која настана со спојување на двете компании Rimac Automobili и Bugatti Automobiles.

Новото седиште на компанијата ќе биде во Загреб,а генерален директор (CEO) ќе биде харизматичниот Хрват – Мате Римац.

Фабриката за склопување на суперавтомобилите на Bugatti останува во Франција, Молсхајм.

Volkswagen Group, предизвика големо изненадување на автомобилската сцена, кога неодамна го најави овој процес со кој помалку или повеќе го аутсорсираше својот дел од капиталот во Bugatti кај Хрватскиот Елон Маск (Римац), за што пишувавме на следниот линк.

Како надомест за своето доминантно учество во Bugatti Rimac d.o.o. Мате ќе треба да ги испорача своите најнови технологии и системи во новите Bugatti модели и автомобили.

Сепак, во компанијата со свое учество во капиталот останува Porsche, кој својата посветеност на новото друштво ја демонстрира преку назначувањето на два свои претставници во Управниот и два претставници во Надзорниот Одбор на новата компанија.

Очекувањата од новата компанија во која ќе се искомбинираат експлозивниот развој на новите технологии кои ги креира Rimac, со 110 годишната традиција на производство на суперавтомобили од страна на Bugatti.

Во Bugatti Rimac d.o.o. доминантно сопственичко учество има Римац Групацијата (55%) а Porsche поседува 45% од сопственоста.

Како изгледа целата капитална поврзаност на Rimac Automobili можете да видите во графикот подолу.

Останува да видиме дали Мате Римац, ќе успее да го заживее Францускиот џин и ќе ја оправда довербата која му ја искажаа неговите Германски партнери и клиенти од VW Group.