Новиот набилдан SUV на Brabus е креиран на моделот Mercedes-AMG GLE 63S 4MATIC+ Coupe, а според познатиот Германски тјунер од него е извлечена максимална брзина од околу 330 km-h.
Ако се овие податоци точни и докажани, тогаш новиот Brabus (кој го носи името 900 Rocket Edition) и навистина може да се смета за најбрз SUV на светот. Вистинска ракета на патот!

Она што го направиле во фабриката за тјунирање е – зголемување на зафатнината на моторот од 3,982 cc на 4,407 cc, вградени се турбо единици со поголеми компресори, нова пумпа за гориво и поголеми издувни цевки кои водат до издувот направен од нерѓосувачки челик.
Со овие промени извлечена е моќност од дури 888 коњски сили со кои, според Brabus од нула до 100 километри на час, ќе се стигне за 3,2 секунди!
На вкупниот профил на мускулестиот SUV одлично му се вкомпонирани и моќните 24 инчни тркала со карбонски дискови.

Цената на овој спортски атлет, кој го украде вниманието на Монако Саемот за Јахти, е “скромни” – 447,322 долари !