BOSS ве советува. Комбинации на чорапи со одело

221
Фото - Hugo BOSS

На веб страната на популарниот моден бренд Hugo BOSS, можете да најдете одлични совети како да ги комбинирате вашите одела со чорапи во различна боја.

Како што е наведено во постот, иако чорапите се најчесто запоставен детаљ во стилот на мажите, нивното појавување под панталоните може да привлече големо внимание (пизитивно или негативно).

Според тоа, добро е да ги знаете следните совети.

Ако носите :

Црно одело

Бојата на чорапите, во комбинација со црно одело, треба да бидат неутрални. Црни или сиви.

Темно сино одело

Темно синото одело е сеуште одличен бизнис избор за секаква намена. И за свечен настан, состанок или секојдневна работа во вашата канцеларија. Него можете да го комбинирате со чорапи со повеќе бои, како што се – црвена, темно сина, сива или кафена.

Сиво одело

И сивата боја на оделото, иако делува сериозно, може да се комбинира со чорапи со повеќе бои како што се – тиркизна, сива, темно сина.

Повеќе можете да видите на линкот на Hubo Boss тука.