BOSS ве советува. 12 правила како да носите одело

251

На официјалната веб страна на BOSS можете да најдете многу добра облека но и неколку “златни” правила за тоа како да се облекувате и комбинирате парчиња облека.

Меѓу нив BOSS има патентирано и 12 правила, како да носите одело, од кои ги избравме следните точки.

Осигурајте се дека сакото е доволно долго

Според модерните трендови, сакото треба да има подолга линија и да завршува непосредно под колкот.

Држете права линија на ракавот

Работ на рамото од сакото треба да биде скроено токму во точката каде рамото преоѓа во раката. Линијата на сакото кај раката треба да паѓа во рамна линија.

Крагните на сакото и кошулата да се во иста линија

Осигурајте се дека крагната на сакото ја следи линијата на крагната на кошулата (како на сликата).

Внимавајте на закопчувањето

Внимавајте последното копче на сакото (особено ако е едноделно) секогаш да биде откопчано.

Покажете малку кошула

Оставете кошулата да се гледа благо под сакото. Тој детал не треба да биде поголем од 1 до 2 сантиметри.

Носете во сакото само она што едноставно морате

Избегнете пренатрупување на внатрешните џепови од сакото со непотребни работи. Во џебот препорачуваме да се носат само неопходните работи. Можеби мал носач на визит карти. Никако големи и масивни мобилни телефони кои може да го изобличат оделото.

Дури се препорачува да се остават и конците со кои се зашиени страничните џебови напред, бидејќи ако ги извадите конците ризикувате да се формира воздушно џепче во нив кое изгледа непријатно.

Панталоните носете ги високо

Линијата на панталоните, треба да завршува над коската на колкот. Ако ги носите подолу, ќе изгледаат неуредно.

Додадете и тенка свилена вратоврска

Вратоврската треба да е тенка, со основни бои, евентуално со минималистички дизајн и да се спушта никако под линијата на појасот.

Останатите правила – Како да се носи одело на BOSS, можете да ги најдете на следниот линк.