Bosch додава 400 милиони евра во развој на фабриките за чипови

57

Германскиот производител на системи и компоненти за автомобилската индустрија BOSCH донесе одлука да впумпа нови 400 милиони евра во своите фабрики за чипови (полупроводници) во Германија и Малезија.

Оваа одлука доаѓа во времето на најголемата криза и недостаток на овие мали полупроводници, витални за големиот број на електронски системи во модерните автомобили, која ги девастира производителите на возила во Европа и светот.

Како резултат на чип кризата, големите производители го намалуваат производството, губат прометот и профитот, продолжуваат роковите за испорака, затвараат фабриките, ги испорачуваат порачаните возила без одредени системи и делови, а некои започнаа и да исфрлаат одредена опрема од конфигурациите само за да се прилагодат на недостатокот на полупроводници.

Инвестицијата од 400 милиони евра ќе оди во фабриките во Дрезден, Ротлинген и Пенанг.

Со 150 милиони евра ќе се зголеми бројот на работници во тестниот центар во Ротлинген, уште 150 милиони ќе се вложат во фабриката во Дрезден – со цел зголемување на капацитетите и зголемување на производството, а преостанатите 100 милиони евра одат во Малезија.

Дел од споменатите инвестиции ќе одат во креирање на нови “чисти соби”, тест центри, центри за обука на соработниците… Се во функција на зголемување на производството на овие витални компоненти кои неочекувано ја забавија, а сега се закануваат и да и нанесат непоправливи штети на автоиндустријата.

За проблемите кои ги донесе кризата со полупроводниците во авто бизнисот, веќе пишувавме и претходно, а ако сеуште не знаете за што точно се работи, проверете на следниот линк.

Ако имате 15-на минути и ве интересира како изгледа, функционира и што работи фабриката на BOSCH во Дрезден, топло ви го препорачуваме следното видео :