BMW имплементира нови стандарди во дилерствата

28

Под називот “Retail Next”, BMW започнува да ја имплементира новата корпоративна стратегија во слоните во светот.

Според новиот концепт, огромните салони полни со нови модели одат полека во историјата.

Според новите правила, салоните ќе бидат попразни, наместо 12 ќе имаат половина од таа бројка нови модели во салонот, а за сметка на ослободениот простор ќе се отворат нови луксузни катчиња со отмен мебел во кој потенцијалните клиенти ќе може да уживаат и да добијат комплетна слика за моќта на брендот. Идејата е клиентите во новите салони да се чувствуваат како во хотел со 5 ѕвездички.

Овој концепт произлегува од новите навики на купувачите кои најголемиот дел од претрагата и информациите веќе ги прибрале онлајн, а во салонот може да дојдат само доколку сакаат лично да се уверат во одредени детали или да стават потпис на договорот за купување.

За таа цел се предвидени и специјалниизолирани простории во кои продажните консултанти ќе може на своите клиенти да им прават специјално скроени презентации.

Ова е во линија и со најавената агенциска продажба, според која салоните ќе добиваат агенциска провизија за секој продаден автомобил.

“Retail Next” треба да се имплементира до 2028 година.

Реклама