BMW ги исфрла привремено екраните чувствителни на допир

50

И Баварскиот гигант, како и сите европски и светски прозводители на возила се соочуваат со најсериозната досега криза предизвикана од недостатокот на полупроводнички чипови.

А бидејќи тачскрин (чувствителните на допир) екрани имаат во себе чипови, BMW во Америка започнал да порачува и испорачува автомобили без овие додатоци.

Невградувањето на овој тачскрин екран не го загрозува работењето на iDrive infotainment системот на BMW кој може да се управува и преку вртливото копче на централната конзола.

Според информациите кои ги споделуваат на социјалните мрежи клиентите, BMW дури им нуди и на своите клиенти (оние кои веќе порачале возило или допрва сакаат да го порачаат) кредит од 500 долари кои може да се искористат за купување на некој друг елемент од опремата.

Оние кои не се сложуваат со оваа понуда, се соочуваат со проблеми на доцнење на испораката или целосна неможност да се предвиди рокот на испорака.