BMW ќе ја редуцира емисијата на Co2 за 100 милиони тони

16
Оливер Зипсе. BMW. Фото - Freepik

Менаџментот на BMW Group, по денешниот Генерален Состанок, објави дека до 2030 година поставува амбициозни цели : да ја намали емисијата на штетните гасови за 100 милиони тони со што директно ќе влијае на заштитата на животната средина.

Оваа количина е еквивалентна на издувната емисија која се генерира во 20 градови со над милион жители како што е Минхен.

За да го постигне ова, групацијата ќе интервенира во целиот животен век на возилата – од извлекувањето на суровини, преку производството и за време на животниот век и експлоатација на автомобилите.

Еден од приоритетите во иднина ќе биде да се намалува количината на ресурси кои се употребуваат во процесот на производство.

Како што изјави Оливер Зипсе, Претседател на Бордот на менаџери, зелени автомобили не се само оние кои користат зелена енергија. Тоа се автомобилите кај кои ќе се употребуваат помалку суровини во производниот процес, а ќе се размислува и на рециклирањето. Рецикирањето не е само еколошки туку и бизнис императив.