Блиндиран Rolls-Royce

365

Кога ќе ги споите најлускузната автомобилска марка Rolls-Royce и Германскиот тјунер Klassen, добивате конечен производ во кој се одлично искомбинирани луксузот, комфорот и безбедноста.

Станува збор за блиндирана верзија на SUV моделот Cullinam.

Според податоците од тјунерот постигнато е ниво на заштита – CEN 1063 BR6.

Зајакнатите под и кров може да издржат симултан напад со рачни гранати, непробојното стакло штити од куршуми од пушка со повисок калибар, а страничните панели се исто така зајакнати за да обзбедат заштита од пенетрирање на куршуми.

Тврдината на тркала има и зајакната суспензија и ран флет гуми.

И покрај сите овие промени и зајакнувања екстериерот останува речиси идентичен како кај серискиот Culinam.

Во ентериерот се нудат неколку опции за персонализација, а задржано е и ѕвезденото небо направено од 1.344 фибер оптички влакненца кои трепкаат и личат на небо полно со ѕвезди.

Што се однесува до моторот, тука е 6.7-литарскиот V-12 со моќност од 563 hp.

Цената на еден ваков блиндиран луксузен автомобил е 833.000 евра.

Сериозно повисока сума, од блиндираната S-Класа на Mercedes за која пишувавме пред неколку месеци, а која чини околу 547.000 евра