Благодарение на Олимписките игри, во Сена наскоро бањање

61

Повеќегодишниот план за чистење на реката Сена во Париз, се очекува да кулминира за време на Олимписките Игри ова лето, кога во реката олимпијците ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини.

Проектот за чистење на Сена, тежи околу 1,4 милијарди евра и претставува комплексен проект во кој се изградија повеќе пречистителни станици, филтри и басени со помош на кои бактериската загаденост на реката ќе се сведе на минимум.

Иако во фокусот на овој проект се Олимписките игри, позитивните ефекти од чистењето на Сена ќе се почувствуваат од 2025 година кога по течението на реката ќе бидат поставени повеќе плажи и места за пливање. На тој начин, Парижани ќе можат да се разладуваат во водите на реката.

Ако се земе предвид се поголемата жештина во градовите, позитивните ефекти од ваков потег се јасни.

Реклама