Го гледаме ли најспортскиот модел на Британскиот бренд Бентли?
Моделот Bentayga S беше претставен во вторникот наутро, и веднаш може да се забележи дека новата мускулеста форма на SUV-то изгледа навистина моќно.
Иако на прв поглед не можете да забележите огромни разлики со моделите Hybrid, V8 и Speed, како и секогаш, тајната се крие во деталите, а на деталите Bentley им посветил многу внимание.
Од она што може да се забележи, браниците (и предниот и задниот) се пониски, одзади е позициониран моќен спортски спојлер, моќно делуваат и темно обоените лед светла на предницата.

Однадвор спортски и мускулест, внатре елегантен и луксузен. Кабината е достапна во варијанти со 4, 5 и 7 седишта.
Кокпитот е составен од повеќе анимации во живо, кои се прилагодуваат на преференците на возачот.

Под хаубата е скриен V8 моторот со зафатнина од 4.0 литри и моќност од 542 коњски сили.
Вградени се огромен број на системи за активна и пасивна безбедност, како и специјално тјунираниот Sport driving mode, со чие активирање се прилагодува суспензијата, укрутува шасијата и подобрува реакцијата на воланот. Се’ она што му треба на еден агресивен спортски SUV.
Новиот Bentyaga S ќе чини околу 220.000 долари.