01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиАвто екологијаKаков градски транспорт му треба на Скопје и зошто?

Kаков градски транспорт му треба на Скопје и зошто?

Големите светски метрополи, одамна го препознаа клучното значење на добриот јавен транспорт, кој влијае на многу фактори за подобар квалитет на животот.

Предности кои ги носи добар јавен транспорт

Кои предности ви ги нуди добро организираниот јавен транспорт составен од квалитетно дизајнирана, изградена и одржувана мрежа?

Прво, секојдневното возење со автобус, метро или сабвеј за луѓето е најчесто поефтино отколку да се инвестира во набавка на сопствено возило и истото да се одржува (сервис, гориво, паркинг, регистрација, осигурување…)

Второ, превозот со овие средства (особено метрото и сабвејот, па и автобусите од новата генерација на дизел гориво или на алтернативен погон – CNG) имаат многу помала или никаква емисија на штетни материи и гасови, а сериозно го намалуваат и бројот на возила во градскиот метеж, што повторно влијае позитивно на загадувањето на воздухот.

Трето, со користењето на јавен транспорт, сериозно се намалува ризикот од сообраќајни незгоди и повреди на учесниците во сообраќајот.

Четврто. Се подобрува квалитетот на животот. Луѓето се мобилни, задоволни од својата подвижност, задоволни се и од работата на локалните власти и органи и начинот на кој се трошат нивните пари собрани од даноци и такси.

Петто, користењето на јавен превоз во европските метрополи веќе нема алтернатива. Многу држави воспоставија и поригорозни мерки со кои постари, некаде и нови возила – не смеат да припарат до градските центри. Сообраќајот е забранет или мора да се плаќаат огромни такси за движење во центарот на градот. Па така, со градските линии можете да одите на места кои ви се недостапни со вашиот автомобил, а притоа ќе заштедите и тон пари на месечно ниво.

На тој начин, во метрополите луѓето целосно се свртеа кон јавниот транспорт. Со него е поефтино, поедноставно, побезбедно, побрзо…

Американските статистичари го пресметале и тоа, дека инвестицијата во јавен транспорт е инвестиција која носи голем профит. Според нив секој вложен долар, носи принос од 4 долари. Практично, за секоја милијарда вложена во јавен транспорт, економијата добива назад 4 милијарди долари.

Бенефитот доаѓа од многу фактори… Покрај наплатата на билети, со добар транспорт расте и поврзаноста, полесно се доаѓа до бизнисите и компаниите, се зголемува продуктивноста на работниците, се зголемува бројот на патувања на луѓето кои потоа своите плати ги трошат во локалните бизниси… Урбаните средини кои имаат убаво уреден транспорт, стануваат поатрактивни за луѓе од надворешноста кои се населуваат, плаќаат комуналии, внесуваат нова вредност во локалната економија…

Да не зборуваме и за еколошкиот фактор со кој се заштедуваат многу пари за борбата од загадувањето или лекувањето на разни заболувања директно или индиректно предизвикани од токсичниот воздух.

Но… за да може да ја остварите оваа ренесанса, во која граѓаните со задоволство ќе го користат јавниот транспорт, наместо своите автомобили, нема алтернатива…. Морате да инвестирате и да имате добар транспорт.

Колку чинат трамвајот и сабвејот?

Нема дилеми дека најдобрите решенија за урбаните средини е комбинирањето на добрата автобуска поврзаност со трамвајска и сабвеј мрежа.

Ако побарате на интернет, можете да дојдете до интересни податоци за цената на чинење на модерните транспортни решенија.

На пример, еден километар подземна мрежа (сабвеј) може да чини од 100 – 500 милиони евра. Рекордер во цената на чинење на сабвеј е Њујорк со околу 1,6 милијарди долари цена на чинење по километар подземна железница.

Веројатно ќе се сложиме дека за Скопје ваква инвестиција е сеуште во сферата на научната фантастика.

Но… ако ги погледнете информациите за изградбата на трамвеј во Европските држави доаѓате до податок дека изградбата на инфраструктурата за трамвај чини од 12 до 20 милиони евра за километар.

На пример за трамвај линија од околу 5 км во Есен, Германија, направена е проекција дека решението ќе чини 17 милиони за километар, или вкупно 89 милиони евра.

Во Берлин е изградена трамвајска линија по цена од 13 милиони евра од километар.

И ако сега го земеме предвид фактот дека градот се задолжи за Брзиот транспортен систем (трамвај на тркала) со 70 милиони евра за траса од околу 10 километри… сумата за изградба на трамвај и не е така страшна… нели?

Особено, ако со добар менаџмент се мобилизираат сите можни инстанци и институции – Градот, Владата, Европската банка, Европската Унија од која може да се побара и партиципација и грант во изградбата на еколошко решение со сериозен развоен потенцијал.

Tрамвај. Фото – Freepik

Трамвај или автобуси во Скопје?

Автобусите за градскиот превоз се апсолутна нужност. Не постои град кој нема автобуски превоз.

Но, истите треба да се сметаат за превозно средство кое мора да се амортизира во период од 12 до 15 години.

И секој градски татко треба да ги прави проекциите, да ја обновува својата флота на автобуси во такви циклуси (12 до 15 години).

Она што во моментов ни се случува во градот, во кој се движат и оперираат автобуси постари од 25 години нема никаква логика (ниту од безбедносен ниту од еколошки аспект).

Се разбира, проекти во кои се обезбедуваат автобуси на алтернативно гориво (CNG или електричен погон) се добредојдени… Но, како дел од една севкупна стратегија на градот и државата.

Не можете да очекувате посериозни резултати во поглед на екологијата ако сте набавиле 20-30 автобуси на природен гас и ако во исто време, улиците се преплавени со прастари автобуси и приватни возила со просечна старост над 20 години, нели?

Дополнително, треба да се потенцира дека автобусите на CNG сеуште чинат многу повеќе (во некои брендови дури и двојно) во споредба со автобусите на дизел гориво, па повторно се поставува прашањето дали ефектот ги оправдува дополнително вложените средства.

Особено ако се знае дека со наметнувањето на се’ построгите стандарди за издувна емисија во Европа, новите EURO VI дизел мотори, сериозно го редуцираа загадувањето на воздухот.

На пример автобуси со Euro VI дизел мотор исфрлаат само 0,01 PM честички, само 0,01 јаглерод моноксид и азотни оксиди (0,4)… А тоа се огромни подобрувања споредено со старите генерации на мотори и автобуси.

И кога сме кај оваа точка, неодамна во Тетово беа набавени 5 автобуси со единечна цена од околу 122.000 евра, опремени со нови дизел мотори со Euro 6 стандарди…

Ако повторно се навратиме на кредитот земен за Брзиот транспорт (решение, кое многу експерти го спорат и сметаат дека не е соодветно решение за Скопје) од 70 милиони евра… Со таа сума на пари би можеле да се купат неверојатни 577 нови автобуси…

Па ако навистина немате пари за напредно европско решение, не ли е поумно комплетно да го обновите вашиот возен парк со нови, безбедни и еколошки автобуси?

Автобуси или трамвај?. Фото – Freepik

Ако треба на крајот да извлечеме заклучок…

Сметаме дека можеме и мораме и во градскиот превоз (како и во секое друго решение на локалната самоуправа кое директно го чувствуваме во секојдневниот живот) да избираме решенија кои се прифатени, применети и тестирани во развените метрополи, како што се наведените Берлин, Есен, Париз…

Зошто наместо некаков експеримент, да не инвестираме во развој на трамвајски сообраќај кој е еколошки, брз, тивок, соодветен… ?

Според неколку сериозни истражувања во светски рамки, воведувањето на трамвај во градовите бил тригер за револуцијата на свеста кај луѓето. Со воведувањето на трамвајот, во кој може наеднаш да се превезуваат голем број патници, па логично, има помалку турканици, побрз е, поредовен и еколошки неутрален, огромен број граѓани ги оставиле своите автомобили и започнале да го користат јавниот превоз. Ефект кој претходно не можел да се постигне со автобусите, колку и да биле нови, безбедни и еколошки.

Развојот на трамвајската мрежа можеме да го правиме и во етапи, а линиите да ги дополнуваме со нови, безбедни и економични автобуси.

Од друга страна…Зошто да не правиме планови за изградба и на подземна железница?

Па неа веќе ја има и соседна Софија. Со 3 подземни линии кои покриваат околу 64 километри и сериозно го решаваат локалниот транспорт во главниот град. Притоа проектот е поткрепен со средства од европските фондови кои пред и по влегувањето на Бугарија во Европската Унија во подземната железница имаат вбризгано околу една милијарда евра.

Зошто и нашите избраници на локално и држано ниво не би можеле да ја креираат и продадат оваа приказна кај Европските чувари на буџетската каса?

Од овие и од повеќе други ефективни и инфраструктурни причини, сметаме дека проектот за брзиот автобуски транспорт не е вистинското решение за град Скопје. Искрено се надеваме, доколку е тоа возможно, дека овој проект нема да се реализира и ќе се видоизмени и трансформира и дека нема да потрошиме милиони евра за решенија кои се применуваат во помали градови во Америка, Бразил и Латинска Америка…

Наместо тоа, ќе се отвори една силна, креативна дебата на која ќе дојдеме до нов план за трамвајски сообраќај, како дел од една јасна и добро осмислена стратегија за развој на јавниот превоз во нашиот главен град.

Јавен превоз кој ќе создава дополнителна вредност, а нема да функционира како државен загубар, познат како одличен вработувач и чувар на социјалниот мир.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...