Банката Велс Фарго, отпушта вработени кои симулирале дека работат

64
Фото - Pixabay

Американската банка Wells Fargo, отпуштила дванаесет вработени лица кои умешно симулирале дека работат на тастатурата на нивниот компјутер, додека не го правеле тоа.

Неколку години наназад, голем број компании користат посебен софтвер, со кој може да се следи активноста и продуктивноста на вработените додека работат на компанискиот компјутер во канцеларија или дома (ако работат на далечина).

Но, дел од вработените, успеале да се снајдат и да го измамат софтверот за анализа на нивната работа, активирајќи посебен уред и софтверска алатка (кои имаат задача да го движат курсорот) со што симулираат дека работат, додека тоа не го прават.

Овие алатки, кои ги нарекуваат mouse movers или mouse jigglers, веќе може на големо да се набават на Amazon, а чинат околу 10 долари.

“Wells Fargo поставува високи стандарди во работата и нема да толерира неетичко однесување”, изјави гласноговорникот на компанијата во врска со овој скандал.

Реклама