01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиАвстралија сеуште се противи на автомобилите на струја

Австралија сеуште се противи на автомобилите на струја

Во овој момент се чини дека Австралија е единствената развиена економија која упорно се противи на трендот во авто индустријата, да започне доминацијата на електричните возила.

Интересен е податокот деа во оваа земја, вкупниот маркет шер на новопродадени возила електричните автомобили изнесува мизерни 0,7%. За споредба оваа бројка во земјите од Европската Унија или во Велика Британија веќе достигнува околу 10%.

Во една студија се вели дека во овој поглед, конзервативната влада на Австралија каска и зад Турција и Индонезија.

Чудни се овие трендови, ако се земе предвид фактот дека транспортот и возилата учествуваат со 18% во вкупното загадување на воздухот во оваа земја.

Како и да е, властите и понатаму се опираат на идејата да даваат субвенции за набавка на електрични возила, или да се вклучи во изградба на мрежа на полначи во земјата… што секако ги фрустрира големите производители на овој тип на возила, кои мораат да го одлагаат лансирањето на своите глобални модели на електрична енергија во Австралија.

Во овој момент автомобилите на електричен погон поради недостатокот на субвенции од државата, чинат повеќе од истите модели на другите точки на планетата. И се додека оваа цена не се израмни со цената на бензинските и дизел возила, тешко дека ќе има некаков прогрес по ова прашање во Австралија.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...