Audi целосно се префрла на струја до 2026 година

52

Нема никакви дилеми дека сите производители на возила во Европа, ќе истражуваат и сериозно инвестираат во нови технологии кои се пријателски настроени кон воздухот и животната средина.

Строгите критериуми за квалитетот на издувната емисија на автомобилите кои владеат во Европската Унија, бараат агресивно исфрлање од употреба на дизелот и застарените технологии и нивно менување со електрична енергија.

Во оваа стратегија, од меинстрим марките, се чини дека Audi настапува најагресивно. Тие веќе воопштпo нема да инвестираат во нови технологии кај моторите со внатрешно согорување, а неофицијално информираат и дека целосното префрлање на нивните модели на струја ќе се изврши во рок од 5 години (најдоцна до 2026).

Она што е интересно е дека во стратегијата на Audi воопштo не се спомнуваат хибридните модели.

Оваа политика е секако поагресивна од конкурентите BMW и Mercedes кои и самите најавуваат лансирање на нови модели на зелена енергија, но и понатаму во центарот на своите истражувања ги задржуваат моторите со внатрешно согорување.