Alfa го менува името на моделот Milano

86

По силната реакција на Италијанските власти, откако Stellantis го презентираше својот нов, целосно електричен SUV модел под името Alfa Romeo Milano, челниците на компанијата, сепак решија да го сменат името.

Новиот автомобил ќе го носи името – the Junior.

Главниот конфликт беше во тоа што Stellantis му даде име на Италијански град на автомобилот кој целосно ќе се произведува во Полска, што пак, од Министерот за индустрија во Италијанската влада е незаконско наведување и форма на измама на клиентите. Повеќе за ова можевте да читате во нашиот претходен напис.

Во врска со тоа, генералниот директор на Alfa Romeo, изјави дека оваа одлука ја носат од едноставни причини. Според него – Кога ќе се придвижите во политички дискусии или расправи, во истиот момент губите половина од вашите потенцијални клиенти. А ние тоа сакавме да го избегнеме, па затоа го менуваме името.

Реклама