Африм Гаши, нов претседател на Собранието

91

На вчерашната седница на Собранието на Македонија, се конституира новиот собраниски состав.

За нов претседател на Собранието е избран Африм Гаши, со 76 гласа за и 6 против.

Против изборот на Гаши беа шесте пратеници на Левица, кои беа најгласни против оваа одлука во текот на вчерашниот ден. Апасиев дури му понуди на Мицкоски, комплетна бланко поддршка, ако за претседател на Собранието се понуди Македонец. Вака, со изборот на Гаши, се прави “косовизација” на Парламентот, изјави тој, и континуирано ќе се крши законот за употреба на македонскиот јазик во Парламентот.

Реклама