ADAC ја избра најдобрата зимска гума со димензија 195/65 R15

79

Германскиот автомобилистички клуб – ADAC во своето последно тестирање за сезоната 2021/2022, за најдобра зимска гума во димензијата 195/65 R15 (која е сеуште една од најпопуларните димензии на гуми во нашата земја) ја избра гумата на Dunlop.

Се работи за моделот Dunlop SP Winter Response 2.

Интересно е дека во ADAC на второ место, во оваа димензија, беше избрана уште една гума (пневматик) од истата групација – Goodyear Ultra Grip 9+, со идентични 2,2 поени на тестот.

Следуваат и пневматиците на Michelin (Alpin 6) и Vredestein (Wintrack)

Треба да се потенцира дека методологијата на ADAC е точно утврдена и дефинирана и победникот се рангира зависно од комбинираните перформанси на гумата при што се бодуваат :

  • перформанси на влажна подлога (30% oд конечната оценка),
  • управливост на пат покриен со снег (20% од конечната оценка),
  • управување на сува подлога (15%),
  • управливост на замрзнати патеки (10% од конечната),
  • животен век (10%),
  • потрошувачка на гориво (10% ),
  • генерирана бучавост (5% of the final mark).

Интересен методологија, ако се земе предвид фактот дека кај нас, возачите сметаат дека зимската гума треба да испорача добри својства – само кога патот е покриен со снег или мраз.

Во тестирањето луѓето од ADAC тестираните пневматици ги купуваат во малопродажба (не од фабриката) што значи дека не е возможно манипулирање на перформансите од страна на производителот.

Конечната табела од тестирањето е следната :

MoделПоениФинална оценка
Dunlop SP Winter Response 22.2добра (gut)
Goodyear Ultra Grip 9+2.2добра (gut)
Michelin Alpin 62.3добра (gut)
Vredestein Wintrac2.3добра (gut)
BF Goodrich g-Force Winter 22.6задоволителна (befriedigend)
Continental WinterContact TS 8602.7задоволителна (befriedigend)
Bridgestone Blizzak LM0053.0задоволителна (befriedigend)
Falken Eurowinter HS013.0задоволителна (befriedigend)
Laufenn i FIT+ LW31+3.0задоволителна (befriedigend)
Maxxis Premitra Snow WP63.0задоволителна (befriedigend)
Yokohama BlueEarth *Winter V9063.1задоволителна (befriedigend)
Barum Polaris 53.2задоволителна (befriedigend)
Nokian WR Snowproof3.3задоволителна (befriedigend)
General Tire Altimax Winter 33.5задоволителна (befriedigend)
GT Radial Winterpro22.5задоволителна (befriedigend)
Kumho Wintercraft WP513.6задоволителна (ausreichend)

Бонус видео

Неодамна, пишувавме и за победникот на тестирањето на зимски гуми од страна на Auto Bild, во димензијата 205/55 R16 (уште една референтна димензија во нашата земја) – погледнете на следниот линк.