Abarth и Breil со специјален рачен часовник

58

Италијански Аbarth уште еднаш ги здружи силите со популарниот производител на часовници Breil во нивната мисија да создадат специјален рачен часовник, инспириран од новиот електричен Abarth 500e.

Најновиот часовник во низа, го носи името Breil Abarth 500e Watch и е автоматик. Ќе биде произведен во лимитирана серија од само 999 часовници.

Со часовникот се нагласува значењето на новиот Abarth 500e, а во него се јасно изразени деталите кои може да се видат и на автомобилот со ова име.

Фото – Breil

Зад атрактивниот дизајн се крие механизам – Seiko NH70 automatic, а на лицето на часовникот се воочливи елементи од бандашите на автомобилот зад кои се надзира механизмот, силната зелена “Acid green” боја, дизајнерските предни фарови, а секако тука е и неизбежното лого на Abarth во форма на зелена шкорпија…

Часовникот чини 499 евра и можете да го порачате овде.

Соработката помеѓу Abarth и Breil, трае полни 10 години.

Реклама