50 Cent тужи пластичен хирург за зголемување на пениси

57

Раперот 50 Cent (Куртис Џеј Џексон III), поднел тужба против пластичниот хирург Ангела Коган од Мајами, која бесправно ја користела неговата фотографија за промоција на зафатите за зголемување на пенисот.

Според тужбата, 50 Cent, се согласил да биде фотографиран, но не дал дозвола неговата фотографија и име да се користат во промотивни цели за бизнисот. Спротивно на тоа, две години, 50 Cent бил споменуван како еден од клиентите на Perfection Plastic Surgery & Med Spa, иако не било точно наведено каква услуга тој користел во посочената институција.

Трпението на 50 Cent згаснало кога неговиот лик, бил употребен како главна фотографија на објавена статија во која се промовира хируршки зафат за зголемување на пенисот.

Адвокатите на Ангела Коган се обиделе да ја отфрлат тужбата како неоснована, но судијата не се согласил со тоа.

Останува да го следиме процесот и да видиме дали оваа непромислена маркетиншка егзибиција ќе ја затвори кируршката ординација во Мајами.