200 Mилиони евра казна за Унгарија. Орбан не ја прифаќа

62

Судот на Правдата на Европската Унија, донесе одлука со која Унгарија се казнува финансиски, во вредност од 200 милиони евра, плус по еден милион евра за секој ден доцнење да се плати казната.

Оваа казна и е изречена на Унгарија, поради нејзиното одбивање да ја примени заедничката политика кон азилантите, усвоена во Унијата.

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, изјави дека оваа одлука на судот е неразбирлива и целосно неприфатлива.

На бриселските бирократи очигледно им се поважни азилантите од граѓаните на нивните земји. – заврши Орбан на платформата X.

Од Европската Унија, потврдија дека се запознаени со одлуката и дека од Унгарија ќе ги побаруваат парите согласо предвидената динамика. Ако истите не бидат плаќани, на Унгариј ќе и се кратат средствата од заедничкиот буџет на ЕУ.

Реклама